Австралискиот тенисер Ник Кирјиос застана во одбрана на Новак Ѓоковиќ поради третманот кој најдобриот тенисер на светот го има од австралиските власти.

„Гледате, јас дефинитивно верувам дека треба да се преземе нешто – јас сум вакциниран заради моето здравје и на мојата мајка, но еве колку лошо се справуваме со ситуацијата на Новак, навистина лошо. Шегите што ги правите и насловите, сето тоа е многу смешно. Тој е еден од големите шампиони, но на крајот тој е само човек“, напиша Кирјиос.

Австралијанецот во минатото често го критикуваше Ѓоковиќ за неговото однесување надвор од теренот, но сега застана на негова страна и тоа во својата Австралија.