Екипата на Академија Пандев Брера Струмица претстави уште едно име во своите редови. Нов член на струмичкото семејство е Салвадоре Рибаудо, млад фудбалер кој доаѓа од Италија.

Станува збор за надежен офанзивец кој веќе се приклучи на сениорскиот состав на подготовките во Банско Бугарија. 19-годишниот Салвадоре е дете на италијанскиот клуб Парма каде ги помина сите младински категории, а во македонскиот состав дојде од шпанскиот тим Реал Авила каде беше од јануари последната сезона.

Во текот на летниот трансфер период Брера се засили уште со Аризанкоски и Ристевски, а нови договори со тимот потпишаа Јанкулов и Ѓорѓиевски. Од Струмица си замина искусниот дефанзивец Димов.

Прикажи повеќе