Многу работи не знаеме за јадрото на Земјата, кое се наоѓа на речиси 3.000 км под нашите нозе. Сега нова студија дојде до шпекулации кои може да им помогнат на истражувачите да ја одредат неговата мистериозна функција, пренесува Science Alert.

Истражувањето сугерира дека јадрото на Земјата може да е опкружено со дното на древен океан, во кој се наоѓаат џиновски планини кои се дури 5 пати поголеми од Еверест.

Како што пренесува Business Insider, истражувачите дошле до откритието откако ја направиле досега најдеталната маша на геологија под јужната хемисфера на нашата планета.

Ако оваа теорија се потврди, тоа океанско дно може да делува како ќебе кое ја задржува топлината заробена во јадрото, велат истражувачите. Блиску до јадрото на Земјата условите драстично се менуваат: температурата драстично паѓа, а составот на карпите нагло преминува од цврста маса во течна врела материја.

За да дознаагт повеќе за таа драматична разлика научниците ги анализирале сеизмичките бранови кои поттикнуваат од земјотресите. Како што се шират тие бранови од епицентарот на земјотресот кон внатрешноста на планетата, тие даваат повеќе информации за внатрешноста на Земјата.

Претходно научниците забележаа подрачја на т.н. зони на ултраниски брзини (ULVZ), во кои сеизмичките бранови неочекувано забавуваат во близина на границата меѓу јадрото обвивката. Но, пронајдоа само делови од оваа непозната структура.

Сега истражувачите се упатија на Антарктикот за да сфатат колку далеку може да одат тие подрачја ULVZ и поставија сеизмичка опрема на 15 станици на континентот и собираа податоци во период од 3 години.

Открија дека ULVZ се многу пораспространети отколку што се мислеше. Тие се присутни на голем дел од јужната хемисфера, што сугерира дека овој слој го прекрива целото јадро.

Поради својот состав, дното на океанот е совршен кандидат за овој спој. Многу е густ, што значи дека е доволно тежок да потоне. Исто така, веројатно е дека ќе стане поотпорен на топлина затоа што се соочува со интензивен притисок длабоко во Земјата. Ова може да објасн зошто промените кои се гледаат на границата меѓу јадрото и обвивката се толку остри.

Извор: Science Alert