Со доаѓањето на Кајри Ирвинг, Далас требаше да стане посилен во Западот, но и во последната недела од регуларната НБА сезона влегува како 11. тим на табелата. Поразот од слабиот Шарлот беше седми за тимот од Тексас во последните осум натпревари.

Advertisements

На Далас му претстојат уште три натпревари и неколку сценарија во кои може да обезбеди место на плеј-ин турнирот, кој вклучува тимови од 7. до 10. место.

Но, Маверикс не зависат само од себе. Затоа постои голема можност Ирвинг и Дончиќ повеќе да не се користат во оваа ситуација, туку да бидат одморени до крајот на сезоната, пренесуваат медиумите во САД.

Ова ќе му даде на Далас подобра позиција на драфт ова лето. Ирвинг и Дончиќ одиграа полуповредени на последните пет натпревари. Првиот постигнуваше во просек по 24 поени, а вториот 30.

Договорот на Ирвинг истекува следното лето, а Далас треба да му понуди нов и да продолжи да го гради тимот околу Ол-стар тандемот./Sportmedia/

Прикажи повеќе