Интер и Милан, утре ќе го одиграат полуфиналниот реванш во Лигата на шампионите. Првиот натпревар им припадна на фудбалерите на Интер, тие како гости славеа со 2:0. Стадионот е распродаден, на трибините ќе има повеќе од 75.000 гледачи, а Интер ќе оствари рекордни приходи од продажба на билети.

Италијанските медиуми пишуваат дека сите билети се распродадени и дека Интер ќе го собори рекордот на Милан поставен во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите, со оглед на тоа што цените на билетите се повисоки од пред седум дена.

Милан од продажбата на билети инкасирал 10.461.705 евра. На стадионот имаше 75.532 гледачи. Толкава бројка се очекува и утре, но бидејќи цените на билетите се нешто поскапи, Интер ќе инкасира околу 12 милиони евра. Натпреварот директно ќе го пренесуваат 50 телевизиски станици, а на трибините се очекува рекорден број новинари.

Прикажи повеќе