реклама

Групата Урбани уметнички акции која делува во склоп на Центарот за современи уметности креираа интерактивна канта за смет која зборува со минувачите и ги опоменува да не фрлаат ѓубре наоколу. Како што информираат од Центарот за современи уметности, кантата е направена од рециклирани материјали (стара цевка за канализација) и во неа е сметена електроника со сензори кои го детектираат движењето и опоменуваат да не се фрла ѓубре наоколу, a кога некој ќе фрли ѓубре кантата се заблагодарува и ја раскажува својата приказна за ѓубрето во градот. Посочуваат дека во својата беседа кантата нуди можност на граѓаните да поразговараат со неа и да ги слушнат причините зошто е валкан градот но и да ги слушнат проблемите со кои се соочуваат мнозинство канти за ѓубре.

реклама

реклама