Норвешкиот атлетичар Јакоб Ингебригстен го подобри сопствениот европски рекорд во дисциплината 1.500 метри. Новиот најдобар резултата во оваа дисциплина, Ингебригстен го постави на митингот на Дијамантската лига во Хожов Актуелниот олимписки шампион делницата ја истрча за три минути, 27 секунди и 14 стотинки.

Со овој резултат Норвежанецот најави дека ќе биде прв фаворит за златниот медал на Светското првенство кое за еден месец ќе се одржи во Будимпешта.

Ингебригстен е актуелен светски рекордер на 1.500 метри во сала./Makfax/

Прикажи повеќе