Илјадници раселени Палестинци бегаат од Кан Јунис сред опколување на градот од израелската војска

Илјадници раселени Палестинци бегаат од Кан Јунис во јужниот дел на Газа, бидејќи израелската војска соопшти дека го опколила градот во услови на понатамошни операции западно од областа.

Многумина од оние што побегнаа опишаа застрашувачки сцени.

„Има мртви луѓе на земја. Ги оставивме зад себе. Има убиени луѓе во куќите Очекуваме дека ќе умреме, секој момент “, рече раселениот Газан Хишам Сајег.

Во меѓувреме, Израел се опоравува од смртта на најмалку 24 војници во Газа, што е најголемата загуба на човечки животи за израелските војници во енклавата од почетокот на војната со Хамас. Повеќе од 25.000 луѓе се убиени во Газа од 7 октомври, според Министерството за здравство под контрола на Хамас.

Д. Т.