Во Шпанија летово поради високите температури починаа повеќе од 6.000 луѓе, од кои повеќето стари и болни.

Меѓу нив се и оние кои немаат средства да се заштитат од големата топлина.

Во Шпанија најмалку 12.000 луѓе починале минатото лето поради високите температури, покажуваат податоците на здравствениот институт Карлос III и Државната метеоролошка агенција.

Високите температури особено ги загрозуваат постарите од 80 години, како и посиромашните слоеви од населението кои немаат средства да набават клима уреди, објави „Ел Паис“.

Според податоците на порталот за недвижности Идеалиста за оваа година, 38 отсто од шпанските домови имаат клима уред, што е за два отсто повеќе од една година порано.

Дури и во најжешките шпански провинции, речиси една третина од населението ги нема овие климатизери: во Кордоба 72 отсто од домовите ги имаат, во Севиља 71 отсто и во Мадрид 60 отсто.

Кардиоваскуларните пациенти и оние со респираторни проблеми, како и бубрежните, хипертироидните, невролошките и психијатриските пациенти се изложени на зголемен ризик од високи температури.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.