Сопственикот на компаниите „Тесла“ и „Твитер“, Илон Маск, планира да лансира стартап со вештачка интелигенција што ќе се натпреварува со „Опен АИ“, компанијата која го произведе напредниот систем „ЧетГП“.

Според „Фајнешел тајмс“, Маск веќе составува тим од експерти и инженери кои ќе работат на новиот проект. Тој се здобил со илјадници „Нвидиа“ процесори за овој стартап.

Во 2015 година, Маск помогна во почнувањето на проектот Отворена вештачка интелигенција („Опен АИ“) и служеше како копретседател на компанијата, заедно со сегашниот сопственик Сем Алтман.

Шефот на „Тесла“ ја напушти „Опен АИ“ во 2018 година и оттогаш почна да го критикува проектот, изразувајќи загриженост дека „експертите ја учат оваа програма да биде свесна (разбудена – woke)“ и дека „Мајкрософт“ „суштински ја контролира“ „Опен АИ“.

Алтман претходно изјави дека Маск „чувствува голема загриженост за иднината на човештвото“.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.