Илон Маск, го лансираше долго најавуваниот стартап за вештачка интелигенција „xAI“, откривајќи тим од инженери со кои сака да создаде алтернатива за Чет-ГПТ (Chat-GPT).

Стартапот ќе биде предводен од Маск, кој е извршен директор на Тесла и сопственик на Твитер и кој неколку пати изјави дека развојот на вештачката интелигенција треба да се паузира и регулира.

Го објавувам основањето на „@xAI“ за да се разбере реалноста, напиша Маск на Твитер.

Во старт-ап тимот се Игор Бабушкин, поранешен инженер на Дип мајнд, Тони Ву, кој работел за Гугл, Кристијан Сегеди, истражувач на Гугл и Грег Јанг, кој работел за Мајкрософт.

Маск е единствен директор, а Џеред Бирчал, управниот директор на неговата семејна канцеларија, е секретар.

Милијардерот во април изјави дека ќе основа TruthGPT, односно вештачка интелигенција што ќе се залага за вистината што е можно повеќе за да не се натпреварува со Бард на Гугл и Бинг на Мајкрософт.

Генеративната вештачка интелигенција дојде во центарот на вниманието откако ОпенАИ го лансираше популарниот чет-бот Чет-ГПТ во ноември минатата година, пред Бард и Бинг.

Новата компанија на Маск е одвоена од „X Corp“, но тесно ќе соработува со Твитер, Тесла и други компании.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.