Икањето понекогаш може да биде многу неугодно и напорно, но најчесто трае по неколку минути. Но се случува некој да ика и неколку часа.

Постои причина за појава на икање. Како што пренесува „Њујорк пост“ икањето е брза контракција на мускулите на дијафрагмата и мускулите меѓу ребрата кои се шират кога дишеме, по што следи затворање на глотисот, односно органот за создавање на глас кој се наоѓа во гркланот.

Тоа е мусклул кој го затвора дишниот пат по голтањето. Затворањето на глотисот е тоа што го предизвикува тој звук, објаснува доктор Марк Лоафман за „Фокс њуз диџитал“.

Според Лоафман долготрјаното икање може да биде поврзано со здравствени проблеми.

Долгите епизоди се поврзани со различни состојби, од бенигни до сериозни, иако понекогаш не може да се најде причината за упорните напади на икање, вели Лоафман.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.