Израел повторно вети дека ќе го уништи Хамас и ги отфрли повиците за прекин на огнот од шефот на ОН, Палестинците и многу други земји на состанокот на високо ниво на Советот за безбедност на ОН, нагласувајќи дека војната во Газа не е само нејзина војна, туку „војна за слободниот свет“.

Израелскиот министер за надворешни работи Ели Коен, исто така, ги отфрли повиците за „пропорционалност“ во одговорот на земјата на ненадејните напади на Хамас врз Израел на 7 октомври во кои загинаа повеќе од 1 400 луѓе, а израелските одмазднички напади убија повеќе од 5 700 Палестинци во Газа, според Министерството за здравство на територијата кој е под контрола на Хамас.

„Кажете ми што е пропорционален одговор на убивање бебиња, силување и палење жени, обезглавување на дете. Како може некој да се согласи на прекин на огнот со некој кој се заколнал дека ќе го убие и уништи самото негово постоење“, рече Коен.

Прикажи повеќе