Портпаролот на Израелските одбранбени сили, Даниел Хагари, изјави дека копнените сили ги пробиле првите линии на одбраната на милитантната група Хамас во северниот дел на Појасот Газа, додавајќи дека копнената операција напредува според планираното.

„Со планско, прецизно разузнавање и заеднички напади од копно, воздух и море, нашите сили ги пробија предните линии на одбраната на Хамас во северниот дел на Појасот Газа“, рече Хагари.

Командантот на 162. дивизија на Израелските одбранбени сили, генерал Ицик Коен рече дека израелските сили напредувале длабоко во Појасот Газа и дека се пред „портите на градот Газа“.

Прикажи повеќе