Речиси целиот свет треба да учи од руската медицина во справувањето со епидемии. Голема епидемија на сипаници се случила во 1959 година во Русија.

Нив ги донел рускиот сликар Алексеј Кококерин од Русија. Кога тој пристигнал во Москва неколку дена не можее да откријат од што му е висоската температура и болките по телото.

Кога му поставиле дијагнозата тој починал по неколку дена во соба со уште неколку пациенти кои боледувале од обичен грип.

И тогаш почнала битката на руските лекари да го запрат ширењето на болеста која е позната и како вариола вера.

А тоа значело целосен карантин и изолација на буквално сите луѓе кои биле во контакт со лекарот и неговото семејство . Издвојување на сите, па дури и на оние кои се возеле со него во ист воз и авион.

Во излолација биле ставени дури колегите на неговата ќерка со кои таа слушала предавања на факултет.

Откако се превенирале сите луѓе следела масовна вакцинација на луѓето.Резултатот бил целосно искоренување на епидемијата за само две недели.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.