Во ликовниот салон од Центарот за култура во Кичево, вечерва со почеток во 18:30 часот, ќе биде отворена изложба на фотографии со македонската музичка ѕвезда Тоше Проески, кои се ретроспектива од  патот на создавање на неговата музичка кариера од раното детство, училишни денови, се до врвот на кариерата и создавањето на навивачката химна.

-Вечерва во уметничкиот салон од Центарот за култура во Кичево ќе бидат претставени 20 фотографии што се дел од поставката од музејот „Спомен куќа на Тодор Проески“ во Крушево, кој е негов втор дом и каде од сите посетители му се оддава почит, изјави директорката на Спомен куќата на Тоше Проески, Лефкија Гажоска.

Овој опус, додаде, содржи 26 слики, на која возраст впрочем замина Проески од овој свет.

-На изложбата во Кичево ќе бидат претставени 20 фотографии изработени од кустосот ма музејот Надица Талеска и сестрата на Тоше, Дора Проеска-Ристеска. Овие слики покрај што ќе бидат претставени вечерва во Кичево, претходно беа изложени во Струмица, Кавадарци и Македонски Брод, истакна Гажоска.