Партизан вечева ќе го пречека Реал Мадрид во третиот натпревар од четвртфиналната серија. Црно-белите ги добија првите два натпревари во Мадрид, со победа пред своите навивачи ќе изборат пласман на завршниот турнир во Каунас.

Поради тепачката што се случи на 100 секунди до крајот на вториот меч, натпреварот во Белград е од висок ризик. Реал побара досега невидени мерки за обезбедување на своите играчи.

Реал, вчера нешто пред 18 часот пристигна во Белград, а на патот од аеродромот до хотелот, играчите секаде можеа да прочитаат навредливи пораки. Сите беа напишани на шпански јазик, со исклулок на една, упатена до Џанан Муса.

На останатите пароли што висеа на надвозниците навивачите на Партизан на играчите на Реал им порачаа дека се „копилиња“ и „цигани“. „Аргентинско циганско копиле“ е порака упатена до Габриел Дек, кој поради суспензија нема да игра вечерва, но отпатува во Србија. Доколку Реал победи во третиот меч, Дек ќе може да игра во четвртиот натпревар.

Прикажи повеќе