Златан Ибрахимовиќ и на 40 години е еден од најдобрите фудбалери во Серија А. Неговите изјави секогаш се чекаат со големо внимание со оглед дека е еден од најхаризматичните фудбалери во историјата.

Ибракадабра вели дека Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд се најдобрите напаѓачи на денешницата и иднината на светскиот фудбал.

„Ми се допаѓаат млади играчи кои се елегантни, комплетни. Кога сте фудбалер, гледате како другите се движат, размислувате на таков начин. Тоа се играчи кои предвидуваат неколку потези однапред и секогаш ме импресионирале најмногу. Мислам дека Мбапе е најдобар и единствен кој ме потсетува на феноменот Роналдо“, изјави Ибрахимовиќ.

Го спомена и Ерлинг Халанд.

„Кога зборуваме за него, тој е фокусиран само на головите. Не му е гајле за ништо друго. Тоа значи дека е многу интелигентен, се фокусира на тоа што најдобро знае да го прави“, заклучи напаѓачот на Милан.