Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ по петмесечна пауза ќе се појави во почетниот состав на италијанскиот прволигаш Милан на саботниот прволигашки натпревар против Болоња.

Како што денеска објави весникот „Газета дело Спорт“, постои голема веројатност тренерот на Милан Стефано Пиоли да го почне натпреварот со Ибрахимовиќ во нападот.

Ибрахимовиќ последен пат беше стартер во „црвено – црниот“ дрес на 5 мај во натпреварот против Јувентус на кој се повреди и потоа го пропушти ЕУРО2020 и неколку натпревари на стартот од новата сезона во Серија А.

Шведскиот напаѓач во вторникот одигра 32 минути против Порто во Лигата на шампиони, кога во второто полувреме го замени Оливие Жиру.