Сите знаат дека мачките се митарат, ова не е нова вест. Тие губат мртва коса во текот на целата година и ја оставаат низ целата куќа, мебелот или нивните сопственици.

За разлика од митарењето, што е сосема нормално, има и други причини поради кои нашите крзнени миленичиња ги губат влакната.

Една од најчестите причини се алергиите. Исто како и луѓето, мачките можат да бидат алергични на одредени видови храна, лекови, прашина и некои материјали како што се разни хемикалии, гума, пластика, вештачки бои и одредени ткаенини.

Сите овие причини можат полесно да се отстранат.

Ако неодамна сте почнале да купувате друг вид на храна, а потоа забележавте промени во влакната на вашата мачка, постои голема веројатност да се работи за алергија на тој вид на храна. Вратете се на старата диета и побарајте совет од вашиот ветеринар.

Болви, лишаи и шуга, исто така, можат да бидат причинители за постојано гребење на кожата на мачката и со тоа губење на влакната.

За жал, има и посериозни причини. Тоа се, на пример, дијабетес и хипертироидизам, поради што истовремено губат тежина и често се жедни. Артритисот предизвикува губење на влакната околу зглобовите, а губењето на влакната по целото тело може да биде резултат на дисфункција на жлездите.

Бидејќи не е секогаш лесно да се одреди точната причина за опаѓање, важно е да ја однесете мачката на ветеринар и да го следите неговиот совет. Честопати ќе треба да ставите јака на вашата мачка за да не може да ја гризе раната предизвикана од кубење влакна, на пример поради алергии.