Најголем број луѓе умираат од кардиоваскуларни болести, а загрижувачки е фактот што вакви здравствени проблеми се појавуваат и кај сè помлади лица. Причините за тоа се бројни: неправилен начин на исхрана како последица на брзото темпо на живот, стрес, недоволен и лош сон, наследен фактор и слично. Токму покачениот холестерол може да ни биде знак дека треба да се погрижиме за нашиот организам.Нездравата исхрана
Физичката неактивност
Претераната консумација на алкохолПокачување на артерискиот крвен притисок.
Покачување на нивото на шеќер во крвта.
Зголемување на маснотиите во крвта.
Зголемување на телесната маса.
Многу е важно да го контролирате нивото на холестерол во крвта за да не се доведете во ситуација да лекувате последици опасни по живот.Иако понекогаш не е едноставно да се препознаат симптомите, експертите тврдат дека тие, сепак, постојат. Еден од нив се појавува додека јадеме, односно најчесто по јадење. Станува збор за сензација на печење во горниот дел од стомакот, особено откако сте изеле нешто масно или слатко.

Извор: Убавина и здравје

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.