Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика руските војници да ја напуштат неговата земја, предупредувајќи дека ќе одговараат за секоја загуба на животи на деца и други жртви во Украина. Зеленски рече дека двонеделниот отпор на Украина кон руските окупаторски сили јасно ја покажува нејзината решеност да остане до крај во одбраната на татковината.

„Нашиот отпор речиси две недели ви покажа дека нема да се откажеме, бидејќи ова е нашиот дом, тоа се нашите семејства и нашите деца. Ќе се бориме додека не ја добиеме нашата земја. Се додека не одговарата за нашите мртви, за нашите деца. Сè уште можете да се спасите ако си одите дома. Не им верувајте на вашите команданти кои велат дека сè уште имате шанса во Украина. Ништо не ве чека овде освен затвор и смрт“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Во меѓувреме, руското Министерство за одбрана денеска објави снимка од оклопни колони и хеликоптери кои дејствуваат во Украина и во кое се вели дека : Единиците на руските вооружени сили продолжуваат да напредуваат кон своите дестинации, блокирајќи и преземајќи контрола над објектите за национална одбрана за време на специјалната воена операција во Украина.“ Објавено е и видео со руски воени хеликоптери како гаѓаат оклопни возила на украинските вооружени сили

Цел на нападите бил верски објект во Жапоржја кој бил срамнет со земја.

Во Житомир беа пријавени 9 цивили убиени и многу други повредени.

Како што продолжуваат борбите, Европската унија се согласи да го продолжи третиот круг санкции против Русија, насочени кон повеќе олигарси и функционери блиски до рускиот претседател Владимир Путин . Третиот круг санкции против Русија, најголемиот пакет санкции на европскиот блок од почетокот на руската окупација на 24 февруари, вклучува замрзнување на имотот на Централната банка на Русија во ЕУ, како и забрана за медиумите во Кремљ во блокот. Според француското претседателство, санкциите имаат за цел да исклучат уште три белоруски банки од финансискиот платен систем, SWIFT, да го разјаснат прашањето за криптовалутите и да обезбедат список на стоки што не можат да се продаваат меѓу Русија и ЕУ.

Исуф Кадриу