Зеленски го назначи Анатолиј Бархилевич за нов началник на Генералштабот на украинската армија

Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска го назначи генерал-мајор Анатолиј Бархилевич за нов началник на Генералштабот на украинската армија, по разрешувањето на Серхи Шаптала.

Во своето вечерно видео обраќање, Зеленски го опиша Бархилевич како „искусен поединец кој ги разбира задачите на оваа војна и целите на Украина“.

Тој рече дека именувањето е извршено по препорака на новиот врховен командант на вооружените сили на Украина, Олександр Сирски.