Во главниот град на Албанија, Тирана, денеска се одржува самитот Украина-Југоисточна Европа, на кој меѓудругите ќе присуствува и украинскиот претседател Володомир Зеленски, кој пристигна во Тирана.

Ова е прва посета на Зеленски на Тирана, која доаѓа само неколку дена по втората годишнина откако Русија започна целосна инвазија на Украина.

Дел од украинската делегација ќе биде и министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба.

Како што јавуваат медиумите, Тирана е под силни безбедносни мерки. За самитот се ангажирани речиси 1600 полицајци, вклучително и интервентни тимови и антитерористичката служба, уште 400 припадници на гардата ќе бидат на готовност, а антиексплозивни групи ќе ја следат ситуацијата.

Прикажи повеќе