Зеленски во неочекувана посета на Германија

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, неочекувано пристигна во Франкфурт, соопшти полицијата на социјалната мрежа „Икс“, цитирана од Укринформ.

Органите на редот информираат дека поради посетата на Зеленски на Хесен, движењето во целиот регион е ограничено. Подоцна беше најавено укинување на ограничувањата, пренесува МИА.

Укринформ додава дека според весникот „Билд“, украинскиот претседател го напуштил Франкфурт и заминал во Визбаден.

Претходно, украинскиот лидер беше во Осло, Норвешка, по патувањето во Аргентина и САД.