Основачот на најпознатата социјална мрежа Фејсбук, Марк Закерберг објави дека оваа компанија официјално го сменила името. Отсега се вика Мета.

Неговата последна објава за ребрендирање на компанијата, која ги поседува и Instagram и WhatsApp, предизвика конфузија и шпекулации на социјалните мрежи.

Засега нема повеќе информации колку се работело на промена на името – кога во јавноста стигна веста за ребрендирањето, медиумите објавија дека новото име не им е познато ниту на вработените во компанијата.

Марк Закерберг објави дека компанијата Фејсбук официјално го сменила името. Отсега ќе се вика „Мета“. Закерберг ги објави промените минатата недела и дека компанијата ќе доживее ребрендирање, па така компанијата која ги поседува и Instagram и WhatsApp ќе се вика Мета. Името „Мета“ се заснова на повеќекратните референци на Закерберг за „метаверзум“ и „Хоризонт“ како име за Фејсбук.