Подготовката на ова јадење, односно преливот – салата нема да ви одземе многу време, а ќе добиете неверојатен вкус кој ќе ве „полуди“.

Состојки:

2 кг печурки
1 китка магдонос
2 чешниња лук
1 лажица смеса за зачини
2 dl масло
2 dl вода
2 дл оцет
сол по вкус

Подготовка:

Прво треба да ги обарите шампињоните. Тоа ќе го направите така што ќе ги готвите 30 минути, но на крајот додадете сок од половина лимон.

После тоа потребно е да се процедат шампињоните и да се остават да се изладат.

Потоа во поголем сад измешајте ги оцетот, маслото и водата, а потоа додадете ги сечканите (а можете и цели ако не се големи) печурки. Време е да додадете ситно сечкан лук, магдонос, па додадете зачини и сол.

Кога се ќе се стави, се мешаат состојките и се става на оган 5 минути да зоврие.

После тоа, потребно е смесата да се излади, па дури потоа ладната смеса префрлете ја во садовите кои можете да ги чувате во фрижидер, бидејќи потребно е салатата да биде ладна.