За 2,9 отсто е намалена смртноста од ковид-19 во однос на минатата недела, покажува последниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за период од 6 до 12 декември 2021 година.

Пријавени се 66 смртни случаи во 20 градови во текот на изминатата недела, со намалување од 2,9% во однос на претходната недела. Најголем дел од нив се од Скопје (26). Во однос на возраста, најголем број (58) од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години, а регистрирани се починати лица и кај возрасната група од 50-59 години (7) и 40-49 години (1).

Во период од 6 до 12 декември се тестирани вкупно 17.997 материјали во лабораториите во ко се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 6,2% во однос на минатата недела.

Регистрирани сe 2.090 нови позитивни случаи од 34 градови во државата со намалување од 8,1% во однос на минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 6,8% до 13,7%, просечно 11,2%. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (49%).

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (24,1%). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 (4,4%). Се забележува намалување на бројот на заболени кај сите возрасни групи.

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 1.136 (54,4%) лица од женски и 954 (45,6%) од машки пол.

Со статус „оздравени“ се стекнале 2.256 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Во текот на мината недела вкупно се пријавени 26 реинфекции, со намалување од 35% во однос на претходната недела.

Според извештаите од болниците моментално се хоспитализирани 427 лица (7,4% помалку во споредба со претходна недела), а од нив 247 се на кислородна поддршка (8,3% повеќе во споредба со претходна недела) и 13 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација (идентично во споредба со претходна недела).

Досега во земјата се направени вкупно 1.503.941 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 219.490, бројот на оздравени пациенти е 206.211, на починати е 7.740, а бројот на активни случаи изнесува 5.539.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.