Компанијата мајка на Фејсбук, Мета Нетворкс соопшти дека бројот на дневни активни корисници паднал на 1,929 милијарди во трите месеци до крајот на декември, во споредба со 1,930 милијарди во претходните три квартали.

Компанијата исто така откри дека го забавува растот на приходите бидејќи се соочува со конкуренција од ривалите како што се ТикТок и Јутјуб, а огласувачите исто така трошат помалку пари.

Акциите на Мета паднаа за повеќе од 20 отсто, што резултираше со губење на пазарната вредност од околу 200 милијарди долари.

Сепак, забележан е голем пад на вредноста на другите платформи, вклучувајќи го и Твитер.