реклама

За прв пат по повеќе од 20 години одложена е церемонијата на престижните награди Еми, пренесува Variety. 75-тото доделување на наградите Еми требаше да се одржи на 18 септември оваа година, а одложувањето беше поради штрајк на Здружението на актерите на екранот (SAG-AFTRA) и Здружението на сценаристи на Америка (WGA).

Иако ова одложување не е неочекувано со оглед на тоа што Холивуд се „затвори“ поради штрајкот, ова е првпат од 2001 година церемонијата, која се одржуваше дури и за време на пандемијата на коронавирус, да биде одложена. Во 2001 година, церемонијата беше одложена од септември за ноември поради терористичките напади што се случија на 11 септември.

реклама

Академијата за филмски уметности и науки се надева дека церемонијата ќе биде одложена за ноември оваа година, но радиодифузерот Фокс претпоставува дека церемонијата нема да се одржи до јануари 2024 година бидејќи во блиска иднина не се гледа крај на штрајкот.

Според правилата SAG-AFTRA, на актерите кои се дел од синдикатот не им е дозволено да учествуваат на доделување награди и промоции на нивните филмови. Со доаѓањето на доделувањето на наградите, актерите би ги ризикувале своите кариери бидејќи би можеле да бидат исфрлени од синдикатот.

реклама

Сепак, се случи актерите да се појават на награди и покрај штрајкот. Најдобар пример за тоа е покојниот Пауерс Бут, кој за време на големиот штрајк во 1980 година беше единствениот кој дојде да ја прими наградата Еми. На Бут на крајот Холивуд му прости и продолжи со релативно успешна кариера – појавувајќи се во Дедвуд и Нешвил и во филмовите Sin City и The Avengers.

Засега не е познато кој ќе биде домаќин на наградата, но познато е дека на церемонијата ќе работи продуцентската куќа Џеси Колинс Ентертејнмент. На овогодинешните Еми награди доминира серијата на HBO Succession која доби дури 27 номинации, The Last of Us која доби 24 номинации и The White Lotus со 23 номинации.

реклама