За една година во Македонија се извршени три трансплантации на црн дроб. Првата трансплантација се изведе на 25 ноември 2022 година и со тоа, како што велат од Министерството за здравство македонското јавно здравство се вброи меѓу врвните здравствени системи што изведуваат вакви процедури.

За овој краток период се направени три трансплантации кај тројца пациенти и сите се во добра здравствена состојба, соопштуваат од Министерството за здравство.

Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити се заблагодарува до сите кои се вклучени во процесот.

Горд сум што Европската комисија оцени дека имаме напредок во овој сегмент. Дарувањето органи е најблагородниот чин и процес во кој се гледа човечката добрина. Упатувам благодарност до сите кои се вклучени во процесот, верувам дека заеднички можеме да направиме сѐ!, вели Меџити.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.