Жестоки борби во регионот на Донбас. Руските трупи окупираа индустриски град и ги интензивираа напорите да го опколат и окупираат градот Сивиродоњецк. Припадник на единицата за специјални полициски задачи ситуацијата во градот ја опиша како пеколна.

„Прво, гранатирање секој ден. Второ, многу смртни случаи. Трето, хуманитарни проблеми“, изјави Виталиј.

Гувернерот на Луганск изјави дека руските напади во изминатите 24 часа биле меѓу најинтензивните и оти Русите се приближуваат од сите страни и го окупираат секое село со единствена цел да преземат целосна контрола врз регионот.

„Практично сè е опколено, има тенкови, армиски камиони кои се распоредуваат во градот, па ми изгледа многу јасно дека градот наскоро ќе падне“, нагласи Ема Игланд, Хуманитарна работничка.

И градот Покровск во Доњецк изутринава претрпе руски напади, при што беа оштетени домови, возила и градската инфраструктура.

„Бевме нападнати со ракети, ова е втор пат. Отпрвин беа скршени прозорците, потоа ставивме дрвени даски, сега сè е уништено…“, рече еден Жител на Покровски.

Според украинската војска, девет руски напади во Доњецк и Луганск биле одбиени од украинските сили во последните 24 часа.

„Уништени беа три тенкови, осум артилериски системи, 18 единици оклопни борбени возила, специјално оклопно возило и единица други возила“, изјави Олександар Штупун, портпарол на украинската армија.

Украинскиот претседател вели дека ситуацијата во Донбас е исклучително тешка.

„Целата моќ на руската армија е концентрирана во овој напад. При прислушувањето на нивните телефонски разговори, слушнавме дека се свесни дека оваа војна нема смисла за Русија и оти стратешки нивната војска нема никакви шанси“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Борбите се фокусирани околу североисточниот град Сивиродоњецк, индустриски центар со многу руда и јаглен.

Шкелзен Аќифи