Жан-Клод Јункер, поранешен претседател на Европската комисија, смета дека Украина се уште не ги исполнува критериумите за членство во Европската Унија поради големата корупција. Сепак, според него, изгледите за членство треба да се зачуваат..

Во интервју за „Аугсбургер Алгемајне“ Јункр оценува дека ЕУ и дава лажна надеж на Украина во однос на членството. – Многу ме нервираат одредени гласови во Европа кои се обидуваат да ги убедат Украинците дека можат веднаш да станат членки на Европската Унија, рече Јункер.

Тој изјави дека секој кој имал некакви односи со Украина знае дека „ова е земја која е корумпирана на сите нивоа на општеството“. – И покрај напорите, таа не е подготвена да се приклучи, има потреба од големи внатрешни реформи. Имавме лоши искуства со некои таканаречени нови членки, како што е владеењето на правото. Ова не смее да се повтори, оценува поранешниот претседател на Еврокомисијата.

Прикажи повеќе