Машката ракометна репрезентација на Македонија се најде на 18. позиција на најновото рангирање на ЕХФ на европските селекции.

Македонија има 94 бода по учествата на последните големи собири, СП 2021 во Египет, ЕП 2022 во Унгарија и Словачка, како и СП 2023 во Полска и Шведска.

На врвот се наоѓа светскиот шампион Данска, пред Шведска и пред Шпанија. Во топ 10 уште се наоѓаат и Франција, Норвешка, Германија, Унгарија, Хрватска, Исланд и Словенија.

Прикажи повеќе