Европското првенство во Словачка и Унгарија ќе биде нова можност за докажување на македонската ракометна репрезентација во машка конкуренција.

Избраниците на Кирил Лазаров ќе се надигруваат во Групата А заедно со Словенија Данска и Црна Гора.

Задачата ќе биде исклучително тешка, со оглед на тоа што првите две места носат нокаут фаза.

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги објави списоците на сите учесници на континенталниот собир. На турнирот ќе учествуваат 24 репрезентации, кои пријавија по 35 играчи и ги објавија на официјалниот сајт на ЕХФ.

Шампионатот ќе започне на 13 јануари и ќе заврши со финалето на 30 истиот месец. Титулата од пред две години ја брани репрезентацијата на Шпанија