Европската унија ја повикува Русија веднаш да ги прекине воените операции во Украина и да ги повлече војниците, се вели во заедничката изјава на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

„Ја повикуваме Русија веднаш да ги прекине воените операции, да ја повлече својата војска од Украина и целосно да го почитува нејзиниот територијален интегритет, суверенитет и независност“, се вели во соопштението.

Како што беше прецизирано, ваква „употреба на сила не треба да се случува во 21 век“.

Се наведува и дека лидерите на ЕУ ќе разговараат за нови мерки против Русија по почетокот на операцијата против Украина.

Прикажи повеќе