Европскиот Парламент денеска ја поддржа изградбата на здравствен синдикат во кој граѓаните ќе можат лесно да ги користат своите здравствени картони низ ЕУ, а научниците ќе имаат пристап до податоците од сите земји-членки.

Европскиот простор за здравствени податоци (EHDS), за кој разговараа европратениците на пленарната сесија во Стразбур, е првиот предлог за воспоставување заеднички европски простор за податоци кој ќе се занимава со предизвиците специфични за здравјето и ќе биде составен дел од градењето на европскиот Здравствен синдикат.

ЕХДС ќе создаде заеднички простор каде што поединците ќе можат лесно да ги контролираат своите електронски здравствени податоци. Исто така, ќе им овозможи на истражувачите, иноваторите и креаторите на политиките да ги користат овие електронски здравствени податоци на сигурен и безбеден начин што ја зачувува приватноста, се објаснува во извештајот.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.