Европската унија подготвува нов модел за управување со пандемијата на коронавирус за патување, што би значело напуштање на пристапот „географска област на потекло на патниците“ и надминување на системот на мапи за зараза што би останале „само за информации“, пренесува Н1 повикувајќи се на извори од италијанската агенција АНСА.

Ограничувањата повеќе нема да се однесуваат на областа од каде доаѓаат патниците, туку на нивниот епидемиолошки статус – потврда за вакцинација, прележување ковид 19 или негативни тестови.

Важноста на ПЦР тестовите останува максимум 72 часа, а за брзите антигенски тестови од 24 до 48 часа.

Новиот модел за управување со пандемијата би ја земал предвид деветмесечната важност на пропусницата за ковид, но по истекот на важноста за целосно вакцинираните и оние кои ја примиле третата доза, одлуките ќе се носат „врз основа на проценки“.

Важноста на пропусницата ќе се скрати од девет на шест месеци од 1 февруари, а тој рок може да биде проблем за оние кои поминале шест месеци од третата, засилувачка доза, бидејќи се уште нема официјални опции за четвртата доза.

Прикажи повеќе