Земјите од Европската унија во вторникот гласаа за одобрување на опсежни реформи поврзани со пазарот и емисии на јаглерод на Европската унија. Ова е нејзината главна климатска политика, со која се очекува да се зголемат трошоците за загадувањето во Европа во наредните години и побрзо да ги намалат емисиите на CO2.

Гласањето на земјите-членки беше конечното одобрување со што сега може да премине во закон.

Реформите ќе ја намалат понудата на јаглеродни дозволи на пазарот побрзо од планираното, ќе ги укинат бесплатните дозволи за индустриите до 2034 година и постепено ќе го донесат транспортниот сектор на пазарот со емисии на јаглерод, почнувајќи од 2024 година.

За исполнување на таа цел ќе се бара од околу 10.000 електрани и фабрики да купуваат дозволи за јаглерод диоксид (CO2) кога загадуваат.

Согласно договорот треба да се формира фонд за социјална клима за поддршка на ранливите домаќинства, микропретпријатија и транспортни корисници во енергетската транзиција.

Прикажи повеќе