Европската куќа на ракометот (ЕХФ) ги објави екипите кои бараат „вајлд-карта“ за да играат во новата сезона од Лигата на шампионите, а меѓу нив нема нов македонски тим.

Иако Алкалоид и Вардар 1961, втората и третата екипа од мак-ракометот, имаа можност да побараат „вајлд-карта“ да играат во ракометната елита, сепак, тие не го направија тоа и според ранкингот ќе бидат во Европската лига на ЕХФ.

Додатно место во ЛШ бараат: ППД Загреб (Хрватска), Динамо Букурешт (Романија), Кристијансанд (Шведска), Колштад (Норвешка), Спортинг (Португалија), Монпелје (Франција), Алборг (Данска), ПИК Сегед (Унгарија), Висла (Полска) и Шафхаузен (Швајцарија). Шест од овие десет екипи ќе бидат во групите.

Исто така ЕХФ ги потврди и десетте екипи кои имаат сигурно место во елитното друштво, ако ги потврдат сите услови. Меѓу нив е и македонскиот првак Еурофарм Пелистер, а тука се ГОГ Гудме (Данска), Барселона (Шпанија), ПСЖ (Франција), Кил (Германија), Магдебург (Германија), Веспрем (Унгарија), Киелце (Полска), Порто (Португалија) и Целје (Словенија)