Претставникот на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, по двочасовната средба со претседателката на Косово, Вјоса Османи, побара од Косово и Србија да го имплементираат Основниот договор од Брисел и Охридскиот анекс, притоа подвлекувајќи дека не само од Косово се бара да носи тешки одлуки во рамките на овој договор, туку и од Србија.

„Селективниот пристап само кон одредени членови нема да помогне, бидејќи сите членови се важни, затоа имплементацијата треба да биде целосна, а не делумна. Во таа насока, посветеноста на САД останува клучна за успешно завршување на процесот на дијалог, што би довело до взаемно признавање“, рече Вјоса Османи, претседателка на Косово.

„Како што напомена претседателката, двете страни треба да продолжат со целосната имплементација на договорот. Исто така, ја покануваме Србија да го спроведе договорот, така што ова не е едностран напор само Косово да донесе тешки одлуки за Охридскиот договор да стане реалност“, рече Габриел Ескобар, претставник на САД за Западен Балкан.

Прикажи повеќе