Турските сили го убиле Абу Хусеин ан Курјаши, осомничен дека е лидер на Исламската држава (ИД) во Сирија, објави претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган во интервју за ТРТ.

Курјаши се сомничи дека го презел водството на ИД минатата есен откако неговиот претходник беше убиен.

Според изјавата на Ердоган, тој е убиен во операција на турската разузнавачка агенција во саботата.

Засега, од Исламската држава нема коментар за тврдењата на Турција.

„Разузнавачката агенција го следеше Курјаши долго време. Ќе ја продолжиме нашата борба со терористичките организации“, рече Ердоган кој не даде повеќе детали.

Избори од Сирија кои ги цитира новинската агенција „Ројтерс“, тврдат дека операцијата на турските разузнавачи се случила во северниот град Јандарис во близина на турската граница.

Прикажи повеќе