Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган смета дека неговиот руски колега Владимир Путин сè уште има намера да го обнови меѓународниот договор за да се дозволи извоз на жито од Украина.

„Верувам дека рускиот претседател Путин сака продолжување на овој хуманитарен мост и покрај денешната руска изјава“, изјави Ердоган за новинарите во Истанбул, мислејќи на договорот за извоз жито преку Црното Море.

Ердоган пред да замине на дводневна турнеја во Персискиот залив во Саудиска Арабија, Катар и ОАЕ, рече дека ќе разговара со рускиот лидер пред очекуваната посета на Путин на Турција во август.

Прикажи повеќе