Пратениците во Европскиот парламент денеска ќе расправаат за тоа како да се справат со социјалните и економските последици за ЕУ од руската војна во Украина и како да се зајакне капацитетот на дејствување на ЕУ во врска со тоа. Во оваа дебата со претставниците на Европскиот совет и Европската комисија, европратениците се очекува да подвлечат дека војната и санкциите наметнати од ЕУ против Русија по нејзината инвазија врз Украина неизбежно ќе предизвикаат негативни ефекти врз економијата на ЕУ.

Advertisements

Тие, како што е најавено, ќе ја повикаат Европската комисија да предложи мерки за ублажување на економските и социјалните последици од санкциите. Резолуцијата ќе биде ставена на гласање на пленарната седница на Европскиот парламент на сесијата од 18 до 19 мај.

Прикажи повеќе