Ракометната репрезентација на Данска со лесна победа над Црна Гора од 30-21 го отвори Европското првенство (ЕП) кое се игра во Унгарија и Словачка.

Првата ѕвезда Микел Хансен постигна дури десет гола, пред Гидсел кој имаше пет, додека кај Црна Гора, Бранко Вујовиќ беше прв стрелец, пред Мирко Радовиќ од Еурофарм Пелистер со четири постигнати гола.

Хрватите беа немоќни да се носат со Французите и загубија со 22-27 на отворањето на ЕП. Дескат тресеше мрежа седум пати, пред Дика Мем кој имаше шест гола, додека кај „каубоите“ Иван Чупиќ реализира шест пати, пред Лучин со четири гола.

На останатите натпревари Норвешка лесно се справи со Словачка (35-25), слично беше и со Шведска во дуелот со Босна и Херцеговина (30-18).

Голема сензација приреди Холандија која го победи домаќинот  Унгарија со (28-30).