Оваа „занимација“ е вистинска енергетска бомба полна со калории, но нутриционистите и понатака ја препорачуваат нејзината повремена консумација. Кикириките се богати со витамини и минерали кои го негуваат здравјето.

Здравствените придобивки од кикириките ќе ги добиете само доколку консумирате несолени плодови кои не се индустриски преработени.

Го намалуваат холестеролот

Непржените кикирики, односно оние во лушпа, немаат индустриски додадени масти и сол, па затоа станува збор за здрава намирница со бројни нутритивни својства. Кикириките се богати со здрави масти кои го намалуваат нивото на штетниот холестерол, но и го штитат срцето и циркулаторниот систем.

Баланс за шеќерот

Едно истражување покажа дека внесувањето на кикирики или путер од овој производ во организмот може да го избалансира нивото на шеќер во крвта и така да спречи развој на дијабетес тип 2.

Го намалуваат гладот

Кикириките се едни од најздравите грицки. Тие имаат богат вкус кој заситува, а со тоа тие се добар сојузник во слабеењето. Доколку почувствувате глад меѓу оброците, заборавете на чоколадото и чипсот и посегнете по ова здрава намирница.

Го поттикуваат помнењето

Овие грицки се одлична храна за мозокот бидејќи содржат витамин Б3 кој ја поттикнува работата на мозокот и го подобрува помнењето.

Богатство од нутриенти

Дозревањето на плодот во заштитната лушпа му овозможува на плодот да ги задржи сите хранливи материи, вклучувајќи ги и важните минерали како цинкот и железото, кои придонесуваат за здравјето на целиот организам.