Централнодесничарската Републиканска партија во Франција го задржа мнозинството во Сенатот по вчерашните дополнителни избори на кои екстремно десничарската партија на Марин Ле Пен освои тројца сенатори.

„Оваа сенаторска обнова го зајакнува сенаторското мнозинство на десницата и центарот и е сведоштво за нејзините територијални корени“, рече Џерард Ларшер, лидерот на републиканците и претседател на Сенатот.

Францускиот Сенат го избираат градоначалниците, како и регионалните, департменските и општинските советници. На овие избори беа избрани половина од 348-те сенаторски места.

Како што пренесуваат француските медиуми, изборот на екстремно десничарски сенатори е задоцнет одраз на силните резултати на партијата на Марин Ле Пен на локалните избори. Националниот митинг на Марин Ле Пен се очекуваше да направи нов пробив во Сенатот, но трите сенаторски места за таа партија ги надминаа очекувањата.

Прикажи повеќе