На Крим се случила голема експлозија, а сообраќајот преку мостот што го поврзува украинскиот полуостров со Русија е запрен рано изутринава, бидејќи руското Министерство за одбрана тврди дека спречило уште еден напад со украинско беспилотно летало.

Голема експлозија се случила и во рускиот град Саратов на илјада километри од украинската граница, каде се наоѓа воздухопловната база Енгелс.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека 11 украински беспилотни летала биле уништени над Крим.

Последните напади доаѓаат еден ден откако два руски воени брода беа сериозно оштетени во голем украински воен напад врз база за поправка на бродови во Севастопол на Крим, главната база на руската Црноморска флота.

Прикажи повеќе