(ЕКСКЛУЗИВНО) Статиja на Амбасадорката на Украина, Лариса Дир, по повод Денот на сеќавање на жртвите од геноцидот, 9 декември

Пишува: Амб. ЛАРИСА ДИР
Вонредна и Ополномоштена Амбасадорка на Украина во Република Северна Македонија

На 9 декември 1948 година, Генералното собрание на ОН ја усвои Конвенцијата за спречување и казнување на злосторството геноцид.

Тоа што се појави овој меѓународен документ е голема заслуга на специјалистот за меѓународно право Рафаел Лемкин, кој всушност го именуваше ова злосторство, а воедно и беше првиот што ги анализираше злосторствата на сталинистичкиот режим против Украинците. Делата на Рафаел Лемкин за советскиот геноцид во Украина беа вклучени од кремљ во таканаречениот „федерален список на екстремистички материјали“.

Неизнесувањео пред лицето на правдата на виновните за претходниот геноцид врз Украинците, политичкиот конформизам на демократскиот свет, „business as usual“ со државата-терорист рф, за чиј лидер Меѓународниот кривичен суд издаде потерница за затвор, е основа за можни нови злосторства на режимот на кремљ.

Од убиствата на Украинците со глад од страна на советскиот тоталитарен режим во 1932-1933 година до масовните убиства, тортури и мачења во Буча, Ирпин, Мариупол, извршени од руските окупатори во 2022 година се поминати 90 години.

Од геноцидот во 30-те години на 20. век до геноцидот во 20-те години на 21. век, советскиот тоталитарен режим ги уништуваше Украинците преку политички репресии, колективизација, депортација, окупација.

Односно, режимот на кремљ го претвори уништувањето на Украинците во процес на тековни злосторства.

Сега рф врши убиства, киднапирања, силувања, мачења на привремено окупираната територија на Украина.

Вооружените сили на рф намерно создаваат такви услови што им предизвикуваат исклучително страдање на Украинците.

Покрај тоа, со цел да се уништи самоидентификацијата на Украинците, рф ги депортира украинските деца на територијата на рф, насилно ги преселува и ги предава украинските деца да бидат одгледувани во туѓа средина.

Членот 2 од Конвенцијата за спречување и казнување на злосторството геноцид го дефинира присилното преселување на деца како геноцид – односно дело извршено со намера целосно или делумно да се уништи национална, етничка група како таква.

Сега, Украина, заедно со своите партнери, работи на создавање на Коалиција за поддршка на враќањето на украинските деца депортирани или насилно раселени од страна на руската федерација од привремено окупираните територии на Украина, покрај тоа што и државните органи и волонтерите секојдневно прават неверојатни напори да ги вратат украинските деца дома.

Конвенцијата е стара 75 години, а човештвото не се ослободи од таквото страшно злосторство. Згора на тоа, државата-терорист рф, членка на Советот за безбедност на ОН, го продолжува злосторството – ги уништува Украинците.

Дехуманизацијата на руското општество е очигледна, дури и преку прифаќањето од страна на оние кои самите не убиваат Украинци на убиствата, тортурата, заземањето на суверената украинска територија, ракетниот терор, разорното уништување на критичната цивилна инфраструктура, што предизвикува страдање.

Прашањето е дали оваа дехуманизација ќе се прошири низ светот во другите општества поради можната прифатливост за нив на економски профит во рускиот формат „business as usual“.

И самата Конвенција и резолуцијата на Генералното собрание на ОН за воспоставување на овој меморијален Ден би требало да бидат еден вид заштитници од тешкото злосторство геноцид.

Но, геноцидот на Украинците продолжува пред вашите очи.


Дозволено за преземање, според лиценцата Creative Commons.