Најновите трендови и резултати од истражувањата за употребата на канабисот во медицински цели беше тема на вчерашниот едукативен настан, која се одржа под наслов „Клиничката перспектива за медицинската употреба на масло од канабис (

Реплек АД Скопје е пионер во производството на медицински препарати кои содржат екстракти од канабис на домашниот пазар, правејќи ги достапни и за македонските пациенти. Во своето портфолио компанијата има производи кои содржат различни концентрации на CBD и THC, со што се овозможува поширока примена во третманот на различни здравствени состојби.

Во рамките на настанот експертите ги изложија најновите научни истражувања и резултати добиени во рамките на клиничката пракса , при третман на хронична болка од различно потекло и улогата на производите кои содржат екстракт од медицински канабис (CBD и THC). Канабиноидите, активните соединенија во канабисот, делуваат преку ендоканабиноидниот систем на телото, кој игра улога во регулирањето на перцепцијата на болката. Терапевтските својства на канабисот се признаени од многу регулаторни тела, вклучувајќи ја и Американската агенција за храна и лекови (FDA).

Комерцијален текст

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.